Достапни линкови

Tројца босански Хрвати обвинети за воени злосторства


Илустрација.

Илустрација.

Тројца поранешни членови на Хрватскиот совет за одбрана беа уапсени денеска во Босна и Херцеговина под обвиненија за воени злосторства врз цивили во 1992 година.

Тројцата припадници на воената формација на босанските Хрвати биле уапсени во градот Оџак, во северниот дел на БиХ, по наредба на Обвинителството на земјата.

Тие се осомничени за злосторства врз цивилно српско население. Тие се обвинети за силување на српски жени на почетокот на воениот конфликт. Според локална асоцијација на српски жртви, членовите на хрватските воени сили силувале во првите месеци на конфликтот околу 60 Србинки во Оџак.

Се смета дека за време на босанскиот конфликт жртви на сексуално насилство биле најмалку 20 илјади жени од сите националности.
XS
SM
MD
LG