Достапни линкови

ЕУ одобри една милијарда евра помош за Украина


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

ЕУ одобри пакет за помош од една милијарда евра за Украина. Министрите за надворешни работи на ЕУ, на денешниот состанок во Луксембург, исто така донесоа и времени трговски мерки за намалување на царините за украински производи, кои ќе почнат да важат за две недели, па најдоцна до ноември. Со тоа се проценува дека ЕУ ќе остане без околу 500 милиони евра за царини. Европските министри се согласија и да додадат уште четири лица на листата функционери на кои им се замрзнуваат средствата во Унијата поради вклученост во злоупотребата на украинските државни фондови. Имињата на овие четворица ќе бидат соопштени утре. Сега на оваа листа има 22 функционери поврзани со злоупотреба на украинските јавни фондови.
XS
SM
MD
LG