Достапни линкови

Украина ја повика Русија да престане со провокациите


Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Дешцутсја побара од Москва да престане со провокациите во источните региони на Украина. Во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров, тој рекол дека активностите на руските агенти во источните региони имаат за цел попречување на состанокот во Женева за стабилизирање на ситуацијата во Украина. До коментарите на украинскиот министер за надворешни работи доаѓа откако претходно вооружена група во воени униформи упадна во полициската станица во градот Словјанск, во источниот регион на Украина. Про-руските вооружени групи упаднаа и во зградата на регионалната управа во Донецк и во служба за безбедност со седиште во градот Луханск барајќи федерализација на Украина. Министерот за надворешни работи на Украина исто така, потврди дека ќе учествува на разговорите меѓу САД,ЕУ,Русија и Украина во Женева, закажана за 17 април.
XS
SM
MD
LG