Достапни линкови

logo-print

Во Атина состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос денеска и утре е домаќин на неформалната средба на министрите за надворешни работи на Европската унија, што се одржува во рамките на грчкото претседателство со Советот на ЕУ. Главни теми се настаните во Јужното и Источното соседство на Европската унија со акцент врз ситуацијата во Украина и Сирија, и односите на Унијата со нејзините стратегиски партнери. Утре евроминистрите ќе имаат работен појадок со колегите од земјите кандидати за членство во Унијата на кој ќе присуствува и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. По завршувањето на состанокот Венизелос и високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија Кетрин Ештон ќе одржат прес конференција за прашања од надворешната и безбедносна политика.
XS
SM
MD
LG