Достапни линкови

logo-print

Претседателски кандидати - разлики за демократијата, медиумите


Ставовите на претседателските кандидати во однос на крупните политички прашања делумно се поклопуваат, за некои теми избегнуваат за зборуваат, а за некои прашања имаат сериозни разлики.

Меѓународната политика, слобода, демократија и човекови права, меѓуетнички односи, евроинтеграции... Ставовите на претседателските кандидати во однос на крупните политички прашања делумно се поклопуваат, за некои теми избегнуваат за зборуваат, а за некои прашања имаат сериозни разлики.
Со почитувањето на уставно-правниот поредок имаме гарантирани права и слободи на граѓаните. Само во добро уредена држава граѓаните ја остваруваат слободата и ја уживаат безбедноста.


Во однос на решавање на спорот за името заедничко за сите е што црвените линии им се заштита на идентитетот. Иванов го повтори ставот против промена на уставното име и идентитетот и повторно го нагласи референдум. Пендаровски вели дека името може да се реши, прво со внатрешна кохезија и второ во сојуз со најголемите сили во светот. Поповски се залага за враќање на двојната формула. И Халими е против промена на идентитетот.
Кандидатите имаат различни погледи и за евроинтеграциите, демократијата, слободата.

Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат, Ѓорѓе Иванов избегнува многу да зборува за демократијата и за слободата не медиуми, освен што напоменува дека сите сме еднакви пред законите.
Дури и со решено име, преговорите со ЕУ, нема да ја одвојат партијата од државата.


„Со почитувањето на уставно-правниот поредок имаме гарантирани права и слободи на граѓаните. Само во добро уредена држава граѓаните ја остваруваат слободата и ја уживаат безбедноста за да работат, создаваат и творат, и да имаат квалитетен живот.

Пендаровски и Поповски со поинаков став.
„Дури и со решено име, преговорите со ЕУ, нема да ја одвојат партијата од државата, нема да ја департизираат администрацијата, нема да го елиминираат политичкиот притисок врз судството, нема да ги направат медиумите слободни. Во нашиот случај, вистината е сурова - ако не е слободна и демократска, Македонија ја чекаат тешки денови“, вели Пендаровски.
Пекаме за влегување во ЕУ, за влегување во НАТО, а внатре состојбите не ни се добри. Македонија сè уште не е демократска држава.


„Пекаме за влегување во ЕУ, за влегување во НАТО, а внатре состојбите не ни се добри. Македонија сè уште не е демократска држава, сè уште луѓето шепотат, не смеат да си го кажат своето мислење“, вели претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски.
Кандидатот на ДПА Илијаз Халими вели дека ќе биде претседател на сите, без разлика на етничката припадност, ветувајќи дека ќе се бори за еднакви права на сите.

„Страшно е народот да се плаши за корка леб, да не гласа за единствениот кандидат-Албанец кој може многу да промени и помогне.“
Страшно е народот да се плаши за корка леб, да не гласа за единствениот кандидат-Албанец кој може многу да промени и помогне.

Темите како раст на економијата, невработеноста, евроинтеграциите, името и демократијата се вечни изборни теми. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека воопшто не го изненадува тоа што партиите добиваат „лесни“ гласови. Според него тие секогаш ќе ги користат тоа, сè додека има луѓе кои тоа ќе го проголтаат. Тој очекува наредните денови од кампањата ставовите на кандидатите по круцијалните прашања да се искристализираат.

„Ќе мораат кандидатите малку да си ги раздвојат позициите околу тие прашања, за да можат граѓаните да увидат каде е разликата, дури некои најави имавме ние и во првата недела-за пофлексибилен пристап, лобирање итн, но мислам дека како ќе поминуваат деновите тие ќе мора да направат динстинкција баш поради неопределените, каде е разликата помеѓу едниот, другиот и третиот кандидат во однос на круцијалните прашања како што се евроинтеграциите, прашањето за името.“

Аналитичарот Сашо Клековски вели дека очекувал кандидатите многу повеќе да се насочат кон евроинтеграциите, надворешната политика, одбраната што е во нивна надлежност.

„Многу брзо кандидатите излегоа од предметот на надлежности и влегоа во економски аспект. Претпоставувам дека на граѓаните економските перспективи им се толку или можеби уште поважни. Јас би очекувал малку поконцентрирана дебата од претседателските кандидати што ќе направат доколку самитот на НАТО е Самит на проширување, значи не општи дебати за евроатланските интеграции, туку еве има една можност во септември Македонија да стане членка на НАТО и како тој период од воспоставување на власта, претпоставувам ќе се воспостави во јуни, и како тој период од јуни до септември ќе се максимизираат можностите и да имаме поместување во однос на спорот за името и имаме поместување во однос на приемот во НАТО.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG