Достапни линкови

Лавров: Русија нема намера да ја премине украинската граница



Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров вели дека Русија "апсолутно нема намера и интерес" да им нареди на нејзините вооружени сили да ја преминат украинската граница. Лавров, исто така изјави за државната телевизија дека поделеноста меѓу Москва и Западот околу украинскиот криза се намалува. Неговите коментари дојдоа откако американскиот претседател Барак Обама го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги повлече руските војници од границата со Украина. Белата куќа соопшти дека во текот на еден час долгиот телефонски разговор во петокот, Обама го повикал Путин да се избегнат понатамошни провокации. Исто така, Кремљ, изјави дека Путин му обрна внимание на Обама на "континуираното дивеење од страна на екстремистите во Украина." Во соопштението се вели и дека Путин, исто така, ја нагласил и како што ја нарекол "надворешната блокада" на молдавскиот сепаратистички регион на Трансдњестар, кој е „во сендвич“ меѓу Украина и Молдавија.
XS
SM
MD
LG