Достапни линкови

logo-print

Москва негодува на санкциите од Швајцарија


Москва смета дека одлуката на Швајцарија да ги примени санкциите против Русија, поради анексијата на Крим, е контрапродуктивна. Руското Министерство за надворешни работи оценува дека со санкциите се игнорираат реалноста и објаснувањата од Русија за ситуацијата на Крим. Швајцарија, пред два дена воведе забрана за влез на повеќемина руски официјални личности, ги прекина преговорите за слободна трговија и го замрзна извозот на оружје за Русија. Швајцарија, исто така ги замрзна сметките на екс украинскиот претседател Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG