Достапни линкови

Москва ја осуди резолуцијата за територијалниот интегритет на Украина


Руското Министерство за надворешни работи го осуди усвојувањето на резолуцијата за Територијалниот интегритет на Украина, која беше изгласана вчера на Генералното собрание на Обединетите Нации. Во соопштението од Москва се наведува дека резолуцијата е контра-продуктивна и само ќе ги искомпликува напорите за смирување на внатрешната политичка криза во Украина, како и дека е обид на Западот да ја обвини Русија. Инаку, резолуцијата е необврзувачка, но го одразува ставот на земјите во светот во врска со случувањата во Украина.
XS
SM
MD
LG