Достапни линкови

logo-print

Авганистан - 9 мртви во напад врз Изборна канцеларија


Најмалку четири лица загинале во самоубиствен напад на милитанти врз канцеларијата на изборната комисија во Кабул. По експлозијата пет вооружени лица влегле во канцеларијата, а потоа полицијата ја опколила зградата и имало престрелка. Во инцидентот загинале двајца полицајци, еден провинциски кандидат и канцелариски работник, а безбедносните сили убиле пет милитанти. Нападот се случил во близина на домот на претседателскиот кандидат Ашраф Гани. Талибанците, кои ветија дека ќе ги попречат претседателските изборите на 5 април, ја презедоа одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG