Достапни линкови

Обама и Си Џинпинг за ситуацијата во Украина


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Хаг изјави дека на маргините на самитот за нуклеарната безбедност разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг за ситуацијата во Украина и во Северна Кореа. Обама рече дека Вашингтон и Пекинг треба заеднички да работат на зацврстување на меѓународното право и на почитување на суверенитетот на сите држави. Пекинг пред две недели се воздржа од гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за осуда на референдумот за независност на Крим. На самитот во Хаг не учествува претседателот на Русија Владимир Путин, туку шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
XS
SM
MD
LG