Достапни линкови

Потпишан дел од Спогодбата за асоцирање на Украина во ЕУ


Арсениј Јацењук, Брисел, 21.03.2014.

Арсениј Јацењук, Брисел, 21.03.2014.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска во Брисел ги потпиша политичките поглавија на Спогобата за асоцијација со Европската унија. Станува збор за симболичен потег на поддршка по руското анектирање на Крим. Во меѓувреме во Москва, рускиот Совет на федерацијата, односно горниот дом на парламентот во го одобри договорот за анектирање на Крим. Вчера тоа едногласно го направи и долниот дом, Думата. Пред денешното гласење шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека западните санкции против Русија биле неразумни и оти ќе создадат непотребни бариери.
XS
SM
MD
LG