Достапни линкови

Тахири: Статутите на четирите општини од Северно Косово неприфатливи


Едита Тахири

Едита Тахири

Косовската вицепремиерка Едита Тахири изјави дека содржините на статутите, кои синоќа ги усвоија четирите општини од северниот дел на Косово, се неприфатливи се додека тие не се дополнат и променат. Според приштинските медиуми, таа укажала на неправилности во содржините кои, како што нагласи, треба да бидат во согласност со законите и Уставот на Косово, како што тоа го одредува Бриселскиот договор за да стапат во сила. Советниците на Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ синоќа ги усвоиле статутите на своите општини.
XS
SM
MD
LG