Достапни линкови

Јапонија одбележува три години од разорното цунами


Во Јапонија денеска се одбележува третата годишнина од земјотресот кој предизвика цунами, што резултираше со 18 илјади жртви, уништени крајбрежни населби и предизвика нуклеарна вонредна состојба. Церемонии за сеќавање на жртвите ќе се одржи во градовите околу зоната на несреќата. Царот Акихито и царицата Мичико во Токио ќе оддадат почит на оние кои ги загубија животи во катастрофата. Пред три години земјотрес предизвика бран цунами со брзина на млазен авион. Брановите ги уништија грајбрежните населби и ја оштетија нуклеарната централа Фукошима, предизвикувајќи емитување на радијација.
XS
SM
MD
LG