Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска за изјавата на Ахмети за Иванов


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

„Сите изјави што ги даваат високите политички функционери во овој изборен период несомнено ќе влијаат врз одлуката на граѓаните дали да поддржат сериозен демократски капацитет или да поддржат нешто друго“, одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека за нив ќе биде нелегитимен доколку Ѓорге Иванов на претстојните избори биде избран за шеф на државата. „Се надевам дека сите изјави кои ги оспоруваат демократските институции на Македонија ќе наидат на широка осуда кај мнозинството граѓани. Единствениот коментар на ваква изјава каде што хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери на директни непосредни избори, навистина нема ништо заедничко со демократски капацитет и однесување“, изјави Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG