Достапни линкови

Вучиќ: Избори на Косово ќе се одржат согласно Бриселскиот договор


Избори на Косово ќе се одржат на 16 март согласно договорот во Брисел и со ОБСЕ, изјави денеска српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.
- Некои луѓе очевидно го немаат тој вид на полтичка одговорност и внатрешна политичка стабилност. Но тоа не е наш проблем. Ние се договоривме нешто во Брисел и тоа ќе го спроведеме на дело, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека не очекува проблеми и го интересира само кој ќе победи на Косово од српските политички партии, а се друго е веќе регулирано. Шефицата на приштинскиот преговарачки тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири вчера изјави дека „Србија не може да организира избори на Косово и дека таа е соседна земја, а Бриселскиот договор за нормализирање на односите го означи крајот на мешањето на Белград во внатрешните работи на Косово“.
XS
SM
MD
LG