Достапни линкови

logo-print

СДСМ на Конгрес за кандидатурата на Пендаровски


Архива

Архива

СДСМ вечерва го одржува 16. Конгрес под мотото „Македонија заслужува претседател“ на кој се очекува да биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.

Извршниот одбор на СДСМ минатата недела едногласно одлучи да му предложи на Централниот одбор единствен кандидат за претседател на Република Македонија да биде Стево Пендаровски.

Партијата тогаш соопшти дека постапката за предлагање и евидентирање на кандидатите била спроведена во сите 76 општински организации на СДСМ. Биле предложени вкупно 26 кандидати од општинските организации, а во тесен круг биле осум кандидати.

Стево Пендаровски бил предложен од сите општински организации на СДСМ.
Пендаровски формално ќе биде кандидиран со подршка од 30 пратеници на опозицијата.
XS
SM
MD
LG