Достапни линкови

logo-print

НБРМ: Во Македонија лани 251,5 милиони евра странски инвестиции


Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Во Македонија лани се евидентирани 251,5 милиони евра странски инвестиции што е 3,5 пати повеќе во однос на 2012 година кога беа регистрирани 72 милиона евра, објави денеска Народна банка на Република Македонија.

Според последните податоци за влез на странски капитал во државата, во декември минатата година се регистрирани 28,8 милиони евра странски инвестиции.

Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал.
XS
SM
MD
LG