Достапни линкови

Изборите во Србија ќе се одржат и во Косово


Парламентарните избори во Србија на 16 март ќе бидат одржани и во Косово и тоа по моделот од 2012 година, пишува „Коха диторе“, повикувајќи се на неименувани извори. ОБСЕ, според весникот, ќе отвори 90 гласачки места за околу 36.000 гласачи од српска националност.
Во досегашните консултации, на моделот на изборите од 2012 година не се спротивставила ниту една страна.
За Приштина е важно изборите во Косово да не ги организира Белград, а прифаќа која било улога на ОБСЕ, изјави извор за „Коха диторе“.
XS
SM
MD
LG