Достапни линкови

logo-print

Сочи: Украинката Лисогор покажа позитивен тест за допинг


Украинската крос-кантри скијачка Марина Лисогор има позитивен тест за забранета супстанца. Националниот олимписки комитет на Украина вели во соопштението од саботата дека Лисогор „имала земено од супстанцата Предуктал не знаејќи која забранета супстанца ја содржи ", на тој начин ненамерно кршејќи ги анти-допинг правилата. Триесетгодишната Лисогор заврши 58-ма во трката на 10 километри класичен стил на 13 февруари на Зимските олимписки игри. Лисогор е третиот спортист на игрите во Сочи кој покажа позитивен тест за забранета супстанца.
XS
SM
MD
LG