Достапни линкови

Во Хрватска нов бран поплави


Опасноста од поплави и натаму е во сила во Хрватска, бидејќи водениот бран, кој се очекува денеска, доаѓа од Словенија им се заканува на општините Јасеновац и Велика Горица. Сите служби се на теренот, а на граѓаните во одбрана од поплавите им помага војската. Во општините Јасеновац, Лекеник, Краљева Велика и Лоповљани вчера е прогласена вонредна состојба поради опасноста од поплави, а евакуацијата е планирана за жителите на подрачјето на Требеж, Плесма и Краљева Велика. Водениот бран преку Сава се спушта кон Јасеновац, каде како што се очекува ќе се судри до водите на реката Уна.
XS
SM
MD
LG