Достапни линкови

Венизелос утре во Белград, на старт на турнејата низ Балканот


Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, со утрешните разговри со државниот врв на Србија, ја започнува турнејата низ балканските земји, во својство на претседател на Советот на министри на Европската Унија. Во рамките на турнејата, Венизелос, покрај Србија, ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија. Како што е најавено, Венизелос во Скопје треба да има средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, вице-премиерот Фатмир Бесими, како и со лидерите на ДУи и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев.
XS
SM
MD
LG