Достапни линкови

logo-print

Путин со поддршка на генерал Сиси за претседател на Египет


Владимир Путин и Абдел Фатах ал Сиси

Владимир Путин и Абдел Фатах ал Сиси

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја поддржува одлуката на шефот на египетската армија генерал Абдел Фатах ал Сиси да се кандидира за претседател на Египет. Генерал Сиси досега јавни и официјално нема соопштено дали ќе учествува како кандидат на претседателските избори кои треба да се одржат во идната година. Путин денеска во Москва разговараше со генерал Сиси кој во јули минатата година го отстрани од власт демократски избраниот исламистички претседател Мохамад Морси.
XS
SM
MD
LG