Достапни линкови

ЗНМ со реакција на смената на главниот уредник на Нова Македонија


„Очекуваме објаснување од сопственикот на весникот „Нова Македонија“ кои се причините за сменувањето на главниот уредник Зоран Димитровски. Новинарството е јавна професија и сметаме дека менаџментот должи такво објаснување на јавноста, а посебно на читателите на весникот. Со тоа ќе се отстранат сите сомнежи околу вистинските причини за смената на уредникот Димитровски“, се наведува во реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија потпишано од претседателот Насер Селмани. Во неа се додава дека смената на Димитровски праќа порака до сите уредници и новинари во Македонија дека позицијата во медиумите не им зависи од квалитетот на работата што ја извршуваат, туку од политички причини.
XS
SM
MD
LG