Достапни линкови

Г.г. Кирил ќе вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА


Патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил денеска на средба со претседателот на Републима Македонија Ѓорге Иванов во неговата резиденција во Кремљ, Москва нагласи дека е подготвен да вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА.

Според г.г. Кирил изнаоѓањето компромис може да доведе до решавање на ова прашање.
- Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура, рече рускиот патријарх г.г Кирил.

Рускиот патријарх позитивно ги оцени дваесетите години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, потенцирајќи меѓудругото дека главен извор на нашата заедничка историја се браќата просветители Кирил и Методиј.

Претседателот Иванов заедно со сопругата Маја утрово присуствуваше на богослужбата што ја одржа г.г Кирил во Успенскиот храм во Кремљ, а е во рамки на неговата планирана посета на Руската федерација по повод одбележувањето 20 години од воспоставување на дипломатските односи
XS
SM
MD
LG