Достапни линкови

Aнтитерористичка операција во Атина


Грчката полиција открила автомобил со оружје и експлозивна направа во предградие на Атина и во тек е антитерористичка операција, јави ИТАР-ТАСС.

Во возилото е пронајден голем арсенал од автомати и рачни бомби. Полицијата е под тревога, бидејќи не е исклучено оружјето да е поврзано со терористот Христодулос Ксирос од организацијата „17 ноември“. Тој на 7 јануари избега, откако му беше дозволено на девет дена да го напушти затворот, по повод новогодишните празници. На 22 јануари грчкото Министерство за внатрешни работи објави награда од еден милион евра за информација која ќе доведе до апсење на опасниот терорист.
XS
SM
MD
LG