Достапни линкови

Вашингтон не открива дали Нуланд ќе разговара за името во Атина


По посетата на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос на Вашингтон, во пресрет на посетата на американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд на Атина, во Стејт департментот не сакаат да кажат колку високо на агендата ќе котира спорот за името. Џонатан Мур, директор на канцеларијата за балканските земји во Стејт департментот, вели дека САД постојано го имаат ова прашање предвид во своите билатерални односи со Грција.
"Ние имаме блиски односи со Македонија и сакаме да ја видиме во ЕУ и во НАТО. За Викторија Нуланд, што точно ќе се разговара кога ќе патува во Грција, тоа зависи од тоа како средбите ќе се одвиваат. Прашањето на Македонија секогаш е пред нас и се отвора честопати билатерално со Грција, на сите нивоа со американската Влада. Сметаме дека мора да има решение, тоа е потребно за Македонија да може да оди напред." изјави Мур, кој не сакаше да даде повеќе детали ниту за посетата на заменикот помошник државен секретар Хојт Ји на Македонија, велејќи дека се уште немал можност да се консултира со него по посетата. Нуланд, која е во Германија за Минхенската безбедносна конференција, ќе ги посети Атина и Кипар на 2 и 4 февруари.
XS
SM
MD
LG