Достапни линкови

Шилегов: СДСМ подготвен за претседателските избори


СДСМ е подготвен за претстојните претседателски избори, изјави денеска портпаролот на партијата Петар Шилегов, додавајќи дека изборите ќе бидат тест за политичката волја на ВМРО ДПМНЕ да организира нормални и регуларни демократски избори. Тој најави дека името на претседателскиот кандидат ќе го објават во законски утврдениот рок. Во врска со евентуалните предвремени парламентарни избори, Шилегов рече дека одлуката најпрвин ќе треба да ја донесат коалиционите партнери.
XS
SM
MD
LG