Достапни линкови

logo-print

Почнува Безбедносната конференција во Минхен


Денеска во Минхен почнува 50- та безбедносна конференција која ќе трае три дена. На конференцијата ќе се соберат политичари, дипломати и стручњаци од цел свет. Во фокусот на разговорите треба да бидат Сириската граѓанска војна, Украинската политичка криза и Иранската нуклеарна програма.
Русија на конференцијата ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а во делегациајта на САД се Државниот секретар Џон Кери и министерот за одбрана Чак Хејгел. Иран е претставен од министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф. На конференцијата ќе присуствуваат и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, претседателот на Европската Комисија Херман Ван Ромпуј како и Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
XS
SM
MD
LG