Достапни линкови

Ештон и Филе во Киев


Официјални претставници на ЕУ денеска во Киев треба да се состанат со украинските официјални лица. Ова се случува ден откако претседателот Виктор Јанукович ја прифати оставката на владата и парламентот и ги поништи антипротестните закони што поминаа пред само две недели. Посетите на шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и комесарот за проширување, Штефан Филе, следат по критиките од рускиот претседател Владимир Путин, кој во Брисел изјави дека претставниците на ЕУ ја влошуваат кризата во Украина со политичко влијание. Путин, исто така, вети дека промената на власта во Украина нема да го смени заемот од 15 милјарди на Русија и договорот за евтин природен гас со Киев. Русија го понуди договорот на Јанукович во ноември, веднаш откако тој го отфрли трговскиот и политички договор со ЕУ во корист на поблиски односи со Русија. Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Украина, соопштувајќи дека според новата влада, договорот за рускиот заем би бил неизвесен.
XS
SM
MD
LG