Достапни линкови

Српската Влада бара предвремени парламентарни избори


вицепремиерот Александар Вучиќ

вицепремиерот Александар Вучиќ

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука да му предложи на шефот на државата Томислав Николиќ да го распушти Народното собрание и да распише предвремени парламентарани избори.
Со цел добивање поширока општествена поддршка за забрзани реформи и модернизација на општеството, предлагаме Народното собрание да се распушти, да се одржат нови парламентарни избори и согласно волјата на народот да се избере нова влада, се наведува во образложението на предлогот до претседателот Николиќ за распуштање на Парламентот.
За време на мандатот на оваа Влада започнаа преговорите за членство на Србија во ЕУ, што е од историско значање за иднината на земјата. Со тоа е остварена повеќедецениската цел на многу генерации. Посебно важни резултати се постигнати во дијалогот со Приштина, со што на најдобар начин е реализирана политиката за заштита на државните и национални интереси на Косово и Метохија. Косовските Срби првпат добија своја легална и легитимна власт која е призната и од меѓународната заедница, се наведува во образложението.
XS
SM
MD
LG