Достапни линкови

logo-print

Полска: нови 11 жртви на ниските температури


Жестокиот налет на зимата која ја погоди Полска во почетокот на јануари, ги донесе и првите жртви а во последниве 24 часа од замрзнување починале 11 лица, соопшти Центарот за безбедност на полската влада. Ноќеска температурата се спушти и до 20 степени под нулата а од неа настрадаа претежно бездомници. Снегот и мразот значително го отежнаа и патниот сообраќј и изутринава над 1000 возила за одржување на патиштата се излезени на улица за да го расчистат снегот. Железничкиот сообраќај се одвива нормално откако минатата недела претрпе хаос поради замрзнатата електрична мрежа.
XS
SM
MD
LG