Достапни линкови

Противење за иранското вклучување во сирискиот мировен процес


Во светот расте противењето на вклучувањето на Иран во сирискиот мировен процес што би требало да почне во текот на оваа недела во Швајцарија. Саудиска Арабија која им е главениот поддржувач на сириските бунтовници соопшти дека Иран не бил квалификуван да учествува на преговорите, бидејќи бил против создавањето на транзициската сириска влада. Претходно и Соединетите држави и Франција, кои исто така ја поддржуваат сириската опозиција, изразија сомневање во иранските добри намери. Иран кој политички и воено ја поддржува сириската влада соопшти дека е подготвен да учествува во мировниот процес за Сирија.
XS
SM
MD
LG