Достапни линкови

Операција на ирачките владини сили против милитантите во Рамади


Илустрација.

Илустрација.

Ирачките безбедносни сили започнаа операција во градот Рамади против милитантите поврзани Ал Каеда. Рамади, главниот град на западната провинција Анбар, падна во рацете на милитантите кон крајот на декември. Извештаите посочуваат дека денеска во Рамади има тешки судири меѓу милитантите и ирачката полиција, поддржана од страна на воени авиони, локални племиња и специјалци. Полицијата воведе полициски час во градот. Милитантите предводени од организацијата „Исламската држава на Ирак и Левант“ продолжуваат да контролираат голем дел од областите на исток и североисток на Рамади. Засега нема извештаи за евентуални жртви. И во блискиот град Фалуџа, избиле судири меѓу локалните племиња и милитантите. Стотици ирачки војници и десетици тенкови го опколиле градот во обид да го исчистат од милитанти.
XS
SM
MD
LG