Достапни линкови

Донаторска конференција за Сирија во Кувајт


Во Кувајт се одржува состанок на меѓународните донатори за настраданите од сириската граѓанска војна.
Со оваа втора меѓународна хуманитарна конференција претседава генералниот секретар на ОН , Бан Ки –Мун. Обединетите нации соопштија дека цел е да се соберат околу 6,5 милијарди долари за да се покрие финансирањето на потребите за 2014 година.
На конференцијата присуствуваат државниот секретар на САД , Џон Кери, кој заедно со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопштија дека владата на Сирија и умерената опозициија се согласиле да се овозможи хуманитарна помош за блокираните делови на земјата.
XS
SM
MD
LG