Достапни линкови

Виктор Масторидис – Да се отвориме кон културата на другиот!


„Корени“ е насловен новиот албум на лондонскиот состав ВАЛКАНИЈА зад кој како идеен водач и автор стои Виктор Масторидис, некогашниот член и гитарист на СУПЕР НОВА - македонскиот состав кој својот пробив своевремено го стори на Младинскиот фестивал во Суботица и кој само распадот на поранешната заедничка држава го спречи да стане едно од значајните имиња на југословенска поп-рок сцена од крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те.

Виктор Масторидис е музичар. Скопско дете кое својата креативна младост ја помина како пејач и гитарист на СУПЕР НОВА, еден од најуспешните македонски бендови на некогашниот Младински фестивал во Суботица и дружината која имаше потенцијал да стане бележито име на некогашната југословенска поп-рок сцена. Но, за жал се случи војната и него животот го водеше најнапред во Грција, потем назад дома, па во Холандија...за да конечно својата среќа ја најде во британската престолнина.
Овие музичари се покажаа како солидни, знаат тоа да го свират, таа идеја да ја пренесат убаво и така се исправи на нозе групата ВАЛКАНИЈА чие име доаѓа од грчкиот назив за Балкан.
Виктор Масторидис, музичар.

И, по деценија и половина во Лондон, тој денес може да се пофали дека зад себе има 11 солистички изданија вклучувајќи ги тука и двата албума на детски песни( едниот на македонски а другиот на англиски јазик) кои лесно можат да се најдат на светските сервиси за музика, но и интернационален, космополитски бенд кој со својата фузија на балканска со современа музика има убава можност да се издигне над просечноста во океанот од
ВАЛКАНИЈА.
ВАЛКАНИЈА.
музики. Говорејќи, за она што го нуди ВАЛКАНИЈА, тој знае да забележи дека неговата актуелна звучна приказна започнала со албумот „Мостови“ што бил снимен 1995 година и на кој се нашле песни на македонски и грчки јазик, комбинирани со неколку инструментални нумери.
Чисто како луѓе, граѓани на Балканот, се отворивме кон културата на другиот и гледаме што е тоа што не поврзува и што е тоа што е различно, што не е како нашето и со кое можеме да живееме.

„Идејата на „Мостови“ беше дека ние двата народи, во нашите корени, културно сме многу блиски и дека тие корени всушност потекнуваат од византиската музика. Тогаш со тој албум, со таа порака за пријателство и соработка излегов на радио и телевизија, дадов и повеќе интервјуа во весниците, но пораката некако не зема замав. Едноставно климата не беше погодна за еден таков проект и после една година од неговото излегување, некаде 1998 година, јас заминав за Англија.“

Масторидис дополнува дека ваквата идеја земала замав особено по неговата преселба во Обединетото кралство и дека она што сега го изведува неговиот актуелен бенд е „некаков фјужн на македонска и грчка музика, воопшто во контекстот на балканска звуковност, со денешнава поп-рок, фолк сцена,
Би сакал навистина многу да дојдеме да свириме во Македонија, во Грција, во Бугарија...насекаде на Балаканот бидејќи нашата музика е многу поврзана со сето она што излегува како звук од тие простори.
нешто што според условите на западната класификација би припаднало на поимот – балканска светска музика“.

„Некаде преклани, на почетокот од годината, значи безмалку две години започнавме да функционираме во оваа постава. Овие музичари се покажаа како солидни, знаат тоа да го свират, таа идеја да ја пренесат убаво и така се исправи на нозе групата ВАЛКАНИЈА чие име доаѓа од грчкиот назив за Балкан. Мене ми се допадна тој феминизам,
СУПЕР НОВА.
СУПЕР НОВА.
женственоста во името и така го снимивме албумот со нив. На албумот „Корени“ тој хибрид, тој фјужн, се чувствува на последните седум-осум песни. Таму е повеќе изразен отколку во првата половина каде сме комерцијално настроени, полесни за слушање и потрадиционални во својот контекст, додека потоа како што оди материјалот влегуваме во тие некои пооргинални води. “

Како дете од мешан брак, Виктор е дециден дека само преку размената на музики и културни добра може да се оди напред особено кога Балканот е во прашање. Тој вели дека неговиот личен живот е вистински показ за тоа. Дополнува дека неговата сопруга е Бугарка и потенцира дека тие едноставно се отвориле кон културата на другиот и гледаат што е она што слично и ги поврзува.

„Чисто како луѓе, граѓани на Балканот, се отворивме кон културата на другиот и гледаме што е тоа што не поврзува и што е тоа што е различно, што не е како нашето и со кое можеме да живееме. Од време на време излегуваат секакви прашања на виделина и ние ги дискутираме. Кај нас нема табу теми.“

Инаку, во ВАЛКАНИЈА покрај него свират бугарските музичари Николај Ангарев и Николај Балдаранов и Англичанецот Енди Дјуарт, а Масторидис ќе рече дека како карактери имаат и разлики и сличности, но она што ги врзува и ги тера напред е музиката. Во последниве неколку месеци бендот имаше убава серија на настапи по лондонските клубови и на фестивалите, а полека го пополнува и распоредот за свирки за периодот што следува. Сепак, она што останува е незгасливата желба на лидерот да дојде повторно дома и да ја претстави „музиката која полека расте“, да и го пренесе на овдешната, на балканската публика, она што веќе созреало како звучна понуда.

„Би сакал навистина многу да дојдеме да свириме во Македонија, во Грција, во Бугарија...насекаде на Балаканот бидејќи нашата музика е многу поврзана со сето она што излегува како звук од тие простори. А дали ќе се случи тоа навистина не би знаел. Посакувам, но кога и дали воопшто ќе биде не би можел да кажам иако веќе започнавме некакви преговори.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG