Достапни линкови

Израел ослободи уште 26 палестинци


Палестинците слават откако Израел ослободи 26 палестински затвореници, некои од нив осудени за убиства и за тероризам. Израел ги ослободи затворениците изутрината како дел од потезите поддржани од Соединетите држави за поттикнување на мировните преговори. Тоа беше третто од планираните четири ослободувања на 104 палестински затвореници. Палестинскиот лидер Махмуд Абас пречека некои од затворениците. Американскиот државен секретар Џон Кери во текот на неделава заминува на Блискиот Исток на нова рунда разговори со двете страни.
XS
SM
MD
LG