Достапни линкови

Путин нареди поостри безбедносни мерки


Волгоград

Волгоград

Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемени мерки на безбедност во земјата откако триесетина луѓе загинаа во два самоубиствени бомбашки напади во изминативе 24 часа во Волгоград. Руската истражна комисија соопшти дека двата напада, едниот вчера на Железничката станица во Волгоград, а вториот изутрината во еден тролејбус биле испланирани заеднички. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но руските медиуми јавуваат дека зад нив стоеле исламски милитанти од Северен Кавказ.
XS
SM
MD
LG