Достапни линкови

logo-print

Хејгел загрижен поради насилствата во Египет


Aмериканскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Aмериканскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел ја изразил загриженоста на САД за неодамнешните случувања во Египет во телефонски разговор со шефот на египетската армија. Во разговорот со генералот Абдел Фатах ал-Сиси, Хејгел изразил сочувство за жртвите од неодамнешниот бомбашки напад во Каиро. Неделава имаше три бомбашки напади во Египет. Немирите во Египет не престануваат откако армијата го собори претседателот Мохамед Морси во јули годинава.
XS
SM
MD
LG