Достапни линкови

Временска прогноза – променливо облачно


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер поради што маглата по котлините би требало да се расчисти. Во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд.
Утринската температура се движи од минус три до три, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Дневната температура ќе се искачи до шест степени.

Влажниот бран од југозапад што земјава ќе ја зафати утре попладне ќе трае се до сабота претпладне, а пообилни врнежи ќе има во петок, особено во јужните делови од земјава.
XS
SM
MD
LG