Достапни линкови

Бан Ки Мун бара дополнителни војници за мисијата во Судан


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара од Советот за безбедност дополнителни 5 илјади и 500 војници и повеќе од 400 полицајци за поддршка на мисијата на Светската организација во Судан. Бан вчера побара бројот на војниците да се зголеми на 12 илјади, предлагајќи дополнителните сили да бидат повлечени од другите мисии на ОН во Африка.
Се очекува Советот за безбедност денеска да расправа за ситуацијата во Јужен Судан и да донесе одлука во врска со барањето на Бан.
Борбите во овој регион почнаа пред една недела. Сведоци обвинуваат јужносудански војници за етнички убивања, силувања и други злосторства.
XS
SM
MD
LG