Достапни линкови

Јанукович отворено со медиумите


Во текот на денот предвидено е украинскиот претседател Виктор Јанукович да зборува во живо со некои од медиумите во земјата. Се очекува тој да говори за договорот за финансиска помош кој го потпиша со рускиот претседател Владимир Путин, претходно оваа недела во Москва. Москва му нуди на Киев 15 милјарди во кредити и намалување на една третина од цената што ја плаќаат главните снабдувачи со руски гас. Украинскиот премиер Микола Азаров го поздрави пактот со Кремљ како "историски" и изјави дека ќе го оживее економскиот раст.
Одлуката на Јанукович поттикна барања за негова оставка од страна на противниците дома, кои веќе беа лути поради неговата одлука да не го потпише трговскиот и политички договор со Европската унија. Лидерот на опозицијата Виталиј Кличко го обвини Јанукович за предавство на независноста на Украина. Кличко изјави дека неговата партија „Удар“ ќе направи се што може за да се урне владата.
XS
SM
MD
LG