Достапни линкови

Евакуирани американските дипломати од Јужен Судан


Во услови на продолжување на насилството во африканска нација, САД евакуираа 120 дипломати, персонал на амбасадата и други надвор од Јужен Судан. Велика Британија, исто така, соопшти дека повлекува одредени лица од персоналот на амбасадата. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун изјави дека постојат знаци дека насилството се шири во Јужен Судан, најмладата нација во светот. До 500 луѓе биле убиени од жестоки борби што избија меѓу војниците лојални на претседателот Салва Кир и поранешниот потпретседател Риек Мачар во неделата. Околу 20.000 луѓе побарале засолниште од борбите во главниот град Џуба. Салва Кир и Риек Мачар се од ривалските етнички групи, а официјални претставници на ОН изразија загриженост дека борбите помеѓу нивните лојалисти би можеле да станат пошироки и да доведат до етнички конфликт.
XS
SM
MD
LG