Достапни линкови

Буџет, власт и опозиција


Според пратеници на СДСМ буџетот е лошо проектиран во однос на борбата со невработеноста и носењето странските инвестиции. Мерките на власта не даваат резултати, и затоа што, како што рече Горан Сугаревски, 400 илјади млади луѓе ја напуштиле државата. Во однос на инвестициите, рече Сугаревски, Македонија е последна во регионот.
„Од 2008 година ова е шести буџет како барам средства за патот Прилеп - Велес. Патниот правец е во катастрофална состојба, гледано и од безбедносен аспект, а во пелагонсискиот регион живеат над 300 илјади жители“, рече Сугаревски.
Реплицираше Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која наведе дека во Прилеп се завршени или во фаза на примена се повеќе проекти планирани за 2013 за подобрување на животот на граѓаните како почнувањето со изградба на 78 социјални станови, формирано е јавно претпрјатие за превоз и набавени се автобуси, и набавена е опрема за селекција на отпад
Според Илјази Садие од ДПА, пак предлог буџетот е дискриминирачки во однос на Албанците. Наспроти забелешките, вели, Владата продолжува да ја загрозува иднината на земјата со нови задолжувања, а расте внатрешниот и надворешниот долг на државата.
Реџаил Исмаили од ДУИ реплицираше дека предложените амандмани од ДПА не нашле за сходно да ги поддржат затоа што тие се веќе дел од владината програма и од Предлог буџетот за 2014 година.
XS
SM
MD
LG