Достапни линкови

Две години затвор за поранешниот разузнавач Богоевски


Скопскиот кривичен суд денеска му изрече две години затвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски за случајот „Агент“.
Покрај Богоевски за овој случај обвинети се и двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец, за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
По две години казна затвор добија и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор" Митја Валиќ, додека адвокатот Васко Томановиќ доби три години затвор. Судот им изрече условни казни на последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени.
На обвинетите им е укинат притворот до првосилноста на пресудата, Богоевски и двајцата адвокати минаа осум месеци во притвор.
Шестмината осудени во случајот „Агент“, според обвинението и пресудата, испрале над еден милион евра преку фиктивни фирми и фактури.
XS
SM
MD
LG