Достапни линкови

Јануковиќ ги отфрли барањата на опозицијата


Украинскиот претседател Виктор Јануковиќ ги отфрли барањата на опозицијата за оставка додека во Киев продолжуваат протестите поради неговото одбивање да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. Лидерите на украинската опозиција Aрсениј Јатсенук од Татковинската партија, Витали Кличко, лидер на партијата УДАР, како и лидерот на националистите Олекс Тианчубук се состанаа со претседателот Виктор Јанукович за прв пат од почетокот на протестите. Кличко го предупредил Јануковиќ дека насилоство врз демонстрантите може да има страшни последици за земјата и за претседателот лично. Јанукович вети амнестија за уапсените за време на протестите и рече дека ќе ја разгледа одговорноста на службеници кои работеа врз Спогодбата за асоцијација. Се смета дека Јанукович под рускиот притисок минатиот месец одби да го потпише договор за асоцијација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG