Достапни линкови

logo-print

ИОК: олимпијците да се воздржат од политички пораки


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе упати писмо до сите спортисти учесници на претстојната Зимска олимпијада во Сочи, со кое ќе ги замоли да се воздржат од евентуални протести и политички пораки. Оваа порака особено ќе се однесува на евентуалните протести против законите во Русија со кои се забранува пропаганда на нетрадиционалните сексуални односи. Во меморандумот на ИОК ќе биде нагласено правилото на педесеттата Олимписка повелба, во која е недозволена политичка, религиозна или расна пропаганда на олимписките борилишта, како и на останатите места каде се одржуваат ОИ.
Станува збор за принципи, а главен е принципот за заштита на спортистите од инволвирање во политичките контроверзи, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.
XS
SM
MD
LG