Достапни линкови

logo-print

Хејгел - Дипломатијата треба да биде подржана со воена сила


Министерот за одбрана Чак Хејгел им понуди гаранции на американските сојузници во Заливот дека дипломатијата околу иранската нуклеарна програма е подржана со американска воена сила. Во говорот во саботата одржан во Манама,Бахреин Хејгел изјави дека Западната дипломатија со Техеран не треба погрешно да се протолкува.Тој изјави дека успехот во преговорите со Иран ќе зависи од американската воена сила. Хејгел додаде дека САД остануваат да го подржуваат
присуството на 35 те илјади трупи во Заливскиот регион. Ноемврискиот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили ги алармираше лидерите на сунитските држави во Заливот бидејќи за нив шиитската иранска влада претставува закана. Со Договорот од Иран се бара да се откаже од делови од нуклеарната програма,а во замена да има олеснувања на некои од економските санкции.
XS
SM
MD
LG