Достапни линкови

Каратистот Јакупи цели на светското злато


Берат Јакупи

Берат Јакупи

Најуспешната година во својата кариера каратистот Берат Јакупи ја заокружи со бронза од јуниорското СП. Тој вели дека следната цел му е освојување на светското сениорско злато.

Најуспешната година во својата кариера македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи ја заокружи со бронза од јуниорското СП. До овој трофеј во категоријата борби над 78 килограми, 21 годишниот Јакупи дојде минатиот месец на Мундијалот во Гвадалахара (Шпанија), каде што конечно се закити и со планетарен медал. Со тоа, членот на карате клубот Фати од Гостивар на свое големо задоволство повторно докажа дека е дел од светскиот крем, иако не пропушта да истакне дека му е жал за несреќниот пораз во полуфиналето и пропуштената шанса за поголем успех.
Да бидам искрен јас очекував финале и бев подготвен за финале, па ми е малку жал, бидејќи Русинот го имам победено на ЕП и тоа многу лесно го победив.

„Да бидам искрен јас очекував финале и бев подготвен за финале, па ми е малку жал, бидејќи Русинот го имам победено на ЕП и тоа многу лесно го победив. Ми е жал и поради тоа што ова ми беше последно јуниорско СП. Но, сепак, спортот е тоа, другите анализираат и работат и ова докажа дека јас сега повеќе треба да ги анализирам моите противници, бидејќи тие ме​ Берат Јакупи, македонски каратист на Мундијалот во Гвадалахара (Шпанија).

Берат Јакупи, македонски каратист на Мундијалот во Гвадалахара (Шпанија).

анализираат и затоа се случи да загубам во полуфиналето. Но, сепак, јас оваа бронза ќе ја позлатам на сениорско првенство“, рече Јакупи.

Тој во досегашната кариера беше европски шампион во кадетска, јуниорска и во конкуренција на постари јуниори, годинава се закити
Ние како млади веќе доаѓаме во сениорските конкуренции, а оние кои се постари ќе престанат со спортот и така ние помладите ќе го водиме каратето.
со бронза и на сениорско ЕП, а покрај македонски е и Универзитетски и Балкански првак. Сето ова говори дека се работи за каратист со врвен квалитет, чии успеси, покрај на макотрпната работа се должат и на ...

„Поддршка од мојата фамилија, поддршка од клубот со мојот тренер Арлинт Хусеини, кому сакам да му се заблагодарам за се досега. И плус сега имам поддршка од Агенцијата за млади и спорт чиј стипендист сум. И сум привилегиран на сите првенства од Карате федерацијата на Македонија и затоа значи не случајно дојдоа и овие резултати“, додава Берат, кој од наредната година ќе се натпреварува само на сениорски првенства.

Ова значи дека сега ќе има многу посилна конкуренција, што носи и поголем мотив за продолжување на жетвата на медали. Потврда за тоа е убеденоста дека има сили за исполнување на следната цел, освојување на најпосакуваното и највредното - светското сениорско злато.

„Верувам бидејќи на јуниорските првенства сум бил еден од најдобрите каратисти во светот. Ние како млади веќе доаѓаме во сениорските конкуренции, а оние кои се постари ќе престанат со спортот и така ние помладите ќе го водиме каратето. И затоа ќе имам предност за да бидам светски првак“, истакна на крајот Берат Јакупи, кој рамноправноста со сениорите ја потврди и изминатиот викенд кога на турнирот од “Премиер лигата“ во Салзбург (Австрија) го освои бронзениот медал (во категорија до 84 килограми).
XS
SM
MD
LG