Достапни линкови

Киев:Јанукович се заложи за брзо приближување кон ЕУ


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска се заложи за забрзување на процесот на приближување на Украина кон ЕУ. Во соопштението по повод 22 годишнината од референдумот на кој советската република Украина се изјасни за независност од СССР, Јанукович наведе дека „ќе се потруди да го забрза процесот на приближување на Украина кон ЕУ.“Тој додаде и дека истовремено сака да се избегнат големи загуби по економијата на Украина и влошување на животниот стандард на Украинците. Јанукович рече дека по негово длабоко уверување, Украина треба да се интегрира во заедницата на европски држави како полноправен партнер.
XS
SM
MD
LG