Достапни линкови

Карзаи: нема да се воведе каменување за прељуба


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека неговата влада нема повторно да го воведе каменувањето како казна за прељуба. Во изјава за Радио Слободен Авганистан, Карзаи истакна дека тоа не е коректно и затоа министерот за правда го отфрлил предлогот.
Бруталната казна со каменување беше употребувана за време на владеењето на исламистичкиот талибански режим, кој беше на власт од средината на 90-те години до инвазијата врз Авганистан предводена од САД, во 2001-та.
Претходно оваа недела Хјуман Рајтс Воч побара од Авганистан да го отфрли повторното воведување на каменувањето. Во соопштението, групата за заштита на човековите права наведе дека е апсолутно шокирачки по 12 години од паѓањето на талибанскиот режим, администрацијата на Карзаи повторно да ја воведе оваа мерка. Тие го повикаа Карзаи да демонстрира барем основно почитување на човековите права и да го отфрли овој предлог.
XS
SM
MD
LG